„Позитивен знак во односите меѓу двете земји“: Заев оваа недела ќе ја посети Софија

од Берта Китинска
157 прегледи

Премиерот Зоран Заев на вчерашната средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, договориле средба во Софија на која во фокусот би бил перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на земјава.

„Претседателот на Република Бугарија Румен Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Северна Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи. И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј“, се вели во соопштението од средбата.

Посетата на Заев на Софија ќе се случи на една недела пред состанокот на Советот на ЕУ на 24 и 25 јуни, кога би требало да очекуваме одлука дали и кога ќе се одржи меѓувладината конференција Северна Македонија – ЕУ и земјата да ги почне преговорите со Унијата.