Се огласи мајката на момчето на кое Ѓоковиќ му го даде својот рекет: „Прекрасни фотографии“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
447 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги изненади сите кога, по освојувањето на 19-тата грен слем титула на Ролан Гарос, му го даде рекетот на момче, кое беше покрај теренот.

Сега мајката на момчето се огласи на социјалните мрежи и објави две фотографии.

Ентузијазмот на момчето го забележаа и камерите, а Новак објасни зошто му го дал рекетот.

– Не знам кое е момчето, но го слушав цело време. Ме бодреше кога губев 2-0. Дури ми даваше и совети за време на натпреварот, како тренер ха-ха. Тој беше најдобриот избор, сакав да му го дадам рекетот затоа што ме поддржуваше во текот на целиот натпревар, изјави Новак.

Слични содржини