Федерер: Целта ми беше да го надминам Сампрас, сè потоа е само бонус

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер зборуваше за рекордот по бројот на Грен слем титули. Федерер и Рафаел Надал го држат рекордот со 20 најважни трофеи, но Новак Ѓоковиќ сега е веднаш зад нив по триумфот на Ролан Гарос (19).

Од Федерер беше побарано да ја коментира важноста на Гренд слем титулата, на што објасни дека тоа е тема што не му се допаѓа.

– Ми се чини дека денес сè се однесува на бројот на Гренд слем титули и не ми се допаѓа тоа. Имаме повеќе настани на АТП годишно – започна Федерер на прес-конференцијата во Хале.

Потоа тој појасни.

– Само сакав да го соборам рекордот на Пит Сампрас. Јас секогаш велев дека сè по 15-тата Гренд слем титула е само бонус.

Швајцарецот ја претстави и својата визија за победата на Ѓоковиќ над Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос.

– Неверојатен беше начинот на кој натпреварот доживеапресврт. Исто така, видов неколку одлични поени против Надал во полуфиналето, заврши Федерер, откривајќи дека се чувствува многу добро во моментот.

Слични содржини