Викторија Сваровски, наследничката на империјата „Сваровски“ вредна повеќе милијарди долари, беше фотографирана на плажа со нејзиниот сопруг Венус Мерц.
Имено, тие уживаа на плажа, а папараците ги уловија додека разменуваа нежности.
Германката покажа извајано тело во класично црвено бикини, а очигледно е дека страстите меѓу неа и нејзиниот 16-години постар сопруг сè уште не се смирени, иако се заедно повеќе од една деценија.
Интересно е што Викторија се забавува со Вернер, кој инаку е финансиски могул, уште од тинејџерските денови – односно од 2010 година.
Тие се венчаа во 2017 година во луксузното италијанско одморалиште Портопиколо.
Венчавката траеше три дена, а вклучуваше екстравагантни вечери и забави за танцување, како и најскапа храна и пијалоци, и секако – гостите носеа најскапа облека.
Викторија носеше неверојатно гламурозна венчаница во вредност од милион долари, на која имаше околу 500.000 кристали Сваровски и тежеше приближно 45 килограми.
Инаку, оваа Австријка имаше успешна музичка кариера во тинејџерските и раните 20-ти години, а во 2014 година дури настапи и на Зимските олимписки игри во Сочи, а во 2010 година сними музика за холивудскиот филм „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“.
Денес, Викторија е посветена на нејзината телевизиска кариера – таа е водителка на натпреварувачкото шоу „Let’s Dance“. Таа е исто така и инфлуенсер – скоро половина милион луѓе ја следат на Инстаграм и соработува со многу познати брендови.