Актерката Стојановска осудена на три и пол години затвор

од Берта Китинска
378 прегледи

Актерката Силвија Стојановска е  осудена на 3,6 години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор.

Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода, бидејќи и е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост, додека Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.

Нив им се судеше по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Р. Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа.

За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат-телефонски мобилни уреди, како и енкрочат-мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i).

„Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на можната казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина осликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејство, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на РС Македонија, Обвинителството заедно со обвинителниот акт му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата“, соопштија од Обвинителството.

 

Слични содржини