Европската унија и САД постигнаа договор за примирје во скоро 17-годишниот конфликт околу субвенциите на американскиот производител на авиони Боинг и неговиот европски ривал Ербас, соопшти денеска ЕУ.
Според постигнатиот договор, САД и ЕУ ќе ги суспендираат трговските тарифи поврзани со спорот на пет години, но можноста за нивно повторно воведување ќе остане, изјави денеска американскиот трговски претставник Кетрин Тај.
Двете страни се договорија во март да ги суспендираат реципрочните тарифи во вкупна вредност од 11,5 милијарди долари за увезена стока за четири месеци, опфаќајќи широк спектар на производи – од европски вина до американски тутун и алкохолни пијалоци, кои беа воведени во спорниот спор, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во оваа пригода изјави дека договорот „навистина отвора ново поглавје во меѓусебните односи, затоа што преминуваме од парница во соработка во авијацискиот сектор – по 17 години спор“.
Американскиот претседател eо Бајден посочи дека „во интерес на САД е да имаат стабилни односи со НАТО и ЕУ“, пренесува Танјуг.
„Имам сосема различни ставови од мојот претходник“, рече Бајден, алудирајќи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.