Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денес повтори дека во неговата општина нема дивоградби во заштитената зона.
„Нападите на Струга беа и 2005 и 2008 година дека имаме најмногу дивоградби, но се потврди со првото пријавување во Струга имаше 500, во Охрид 15.000, а во Прилеп над 15.000. Не сме во исти кош со Охрид. Ние сме ѕвезда за нив. Од УНЕСКО не најдоа ниту една дивоградба кај нас“, вели Мерко за емисијата „Топ тема“.
Тој посочи дека луѓето се повеќе ќе градат дивоградби затоа што многу долго се чека за еден генерален и детален урбанистички план.
„За генерален ти треба 10,20 години за да го донесеш. За еден детален ти треба 3 до 5 години. Па, кај го има тоа? Ако уште повеќе ги притискаме луѓето, тие имаат поголема желба за градење и ќе си градат и понатаму“, потенцира Мерко.