300
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин предупреди денеска дека ситуацијата со коронавирусот во руската престолнина е драматична.
Собјанин изјави дека во болниците има повеќе од 12.000 пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на врвовите на последните бранови на епидемијата, пренесе РИА Новости.
Во изминатите 24 часа, во Русија биле потврдени 13.397 нови случаи „Ковид-19“, а најмногу новозаболени има во Москва – 5.782.
Претходно, поради зголемувањето на бројот на случаи со корона, Собјанин прогласи неработни денови во главниот град на Русија од 15 до 19 јуни.