УЕФА ќе го суспендира Арнаутовиќ на најмалку 10 натпревари?

од Nikola Popovski
665 прегледи

УЕФА ќе го суспендира австрискиот репрезентативец со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, поради наводна навреда врз национална основа на Езѓан Алиоски.

Европската куќа на фудбалот официјално не ја објави таа одлука, но на страницата посветена на Европското првенство, напаѓачот е наведен како суспендиран фудбалер.

Откако го постигна третиот гол, Арнаутовиќ се сврте кон одбранбените играчи на Северна Македонија Алиоски и Бејтулаи, и на еден од нив упати сочни пцовки на српски јазик.

Фудбалскиот сојуз на Северна Македонија побара од УЕФА строго да го казни Арнаутовиќ.

Според дисциплинските правила на УЕФА, играчот може да биде казнет со најмалку 10 натпревари за навреда врз расна и етничка основа.

Арнаутовиќ вчера се извини и рече дека не е расист, но дека некои зборови биле изговорени поради емоционален набој.

Слични содржини