Денес се презентираше Третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација за 2020 година организиран од МИОА и истовремено се одржа јавна дебата во врска со истиот настан.
Министерот Јетон Шаќири го отвори настанот со овие зборови: “Најпрво би сакал да истакнам дека Реформата во јавната администрација, е процес што е воден од МИОА, но за успешна реализација потребна е еднаква посветеност од сите вклучени страни”.
На отворената дебата присуствуваа претставници од сите министерства, јавни институции, невладини организации, синдикати и пошироко. Јас сум многу задоволен од масовното учество и придонесот даден од сите засегнати страни.
“Oсновната заложба на ова наше партнерство произлегува од потребата да се овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество во клучните секторски реформи, како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, имајќи во предвид дека Реформите во јавната администрација се клучни области кон пристапувањето на земјата кон ЕУ” истакна за време на неговиот говор, министерот Шаќири.
Министерот Јетон Шаќири рече: “Во контекст на создавање на ефикасна, модерна и сервисно ориентирана јавна администрација должност на МИОА е да придонесе во унапредувањето на условите за непречена комуникација со граѓанските чинители и развој на граѓанското општество, во кое креирањето на политики на инклузивен начин – преку уважување на ставовите на граѓаните, и во соработка со граѓанските организации во клучните секторски реформи – ќе се смета за стандард, а не отстапка”.
“На крајот на настанот, им се заблагодарив на сите учесници за придонесот и ја користев приликата да го охрабрам севкупниот невладиниот сектор во РСМ активно да ги користи сите институционални консултативни механизми за консултација и соработка кои ги има на располагање со институциите на извршната власт, донаторската заедница и другите заинтересирани страни, на начин на кој несомнено ќе влијаат и придонесат кон унапредување на клучните секторски реформи и унапредување на потенцијалот на нашето општество во целост” го затвори својот говор министерот Шаќири.