Едно лице повредно: Тешка несреќа на патот Берово-Делчево

од Берта Китинска
260 прегледи

На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобил возачот И.Д (45) од село Панчарево. Повредите настанале по излетувањето на возилото од коловозот на регионалниот патен правец Берово – Делчево кај делчевското село Стар Истевник, известија од полицијата во Делчево.

По несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи од Делчево, а повредениот со возило на Брза помош е транспортиран до Клиничка болница Штип на понатамошен третман.

Слични содржини