Зиков за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капацитет

од Берта Китинска
265 прегледи

Новинарот Љупчо Зиков во емисијата „Само Вистина“ ги коментираше очекувањата за локалните избори кои треба да се случат во октомври.

-ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капацитет за да направи коалиција во овој момент, можеби работите ќе се сменат понатаму со некој друг лидер во иднина и да коалицира со албанска партија како што треба. Гледаме дека Алијансата има низок рејтинг затоа ДУИ останува фаворит. И се знае со Скопје што ќе биде на локалните избори, вели Зиков.

На прашањето кое новинарот Латас му го упати како гостин во емисијата за тоа што ќе се случува со Левица на изборите, Зиков одговори дека таа ќе прави штета.

-Јас сметам дека Левица повеќе ќе му направи штета на ВМРО-ДПМНЕ.Таа е ултра десна партија, изјави Зиков.

Слични содржини