311
Македонскиот фудбалер Дарко Панчев во изјава за ТВ 21 го опиша неговото искуство во фудбалскиот клуб Интер како голема грешка.
„Тие ми ја расипаа кариерата, а од друга страна не извлекоа од мене ништо само платија големи пари.Во Италија имаше убави екипи во мое време кои играа фудбал, Интер не играше добар фудбал, тоа беше проблем. Но, не можам јас да го мерам мојот престој во Интер кога не сум играл. За 3 години сум играл 19 првенства, тоа е смешно“, посочи Пандев.