Откако ја совладаа Турција со 3:0 во првиот натпревар, Италијанците продолжија да газат на Европското првенство. Екипата која со години не знае за пораз, вечерва се сретна со Швајцарија во 2. коло на континенталното натпреварување. Повторно беше 3-0 на „Олимпико“ во Рим.
Мануел Локатели погоди во 26-та и 52-та минута, а конечните 3:0 ги постави Чиро Имобиле во 89-та минута.
Италија се наметнува како сериозен фаворит за највисок пласман, а тие веќе обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето.