Премиерот Зоран Заев му подари американски пури на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на денешната средба во Софија.
Со зборовите „брату мој“, Заев му ги подаде американските пури, па му порача: Прво за шампионите да дадам едни шампионски од Америка пури.
Борисов се пошегува дека „Пури и коњак прима само бугарскиот претседател, Румен Радев“.
Премиерто на средбата нагласи дека со благодарение на бугарската влада повторно се врати вниманието на ЕУ кон Западниот Балкан.
– Благодарение на бугарската влада и премиерот повторно се врати вниманието на ЕУ кон Западниот Балкан, а не само кон С. Македонија, особено со самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија. Со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас ги поставивме контурите на Преспанскиот договор токму во Софија за време на тридневните преговори рече Заев.