И Каракачанов навива за Македонија на Европското првенство

од Nikola Popovski
305 прегледи

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и претседател на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов во ТВ-емисијата „Бугарија 24“ призна дека е навивач на македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.

„Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли?“, иронично одговори Каракачанов.

Претседатело на ВМРО-БНД ја коментираше и посетата на премиерот Зоран Заев на Софија. Според него, Заев, дури и ако не потпишал никакви документи за време на посетата, останува во игра, имајќи предвид дека го послушал советот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, „да се договори со Софија“ за контроверзните прашања.

„Македонскиот политичар сметаше на фактот дека во Бугарија, пред парламентарните избори, ниту претседателот Румен Радев, ниту владата нема да направат отстапки на темата Македонија“, смета Каракачанов.

„Заев ја демонстрираше својата активност. Тој покажа: Јас сум активен, одам да ја посетам, а оние што се таму во Софија се лоши и не сакаат да одат. И нашите падна на оваа игра. Тој дојде да им покаже на Европејците колку работи и дека тие се лоши. Од тоа се состои неговата игра“, огорчен бил лидерот на ВМРО-БНД.

На крајот од завчерашната прес-конференција во Софија меѓу бугарскиот технички премиер Стефан Јанев и Заев, на новинарско прашање привремениот шеф на Владата, со оглед на тоа што има гости од Скопје, рече дека ќе навива за С Македонија на фудбалскиот натпревар со Украина, на Европското првенство.

Слични содржини