Нов пресврт во истрагата за потеклото на Ковид-19: Кинески разузнавач пребегнал во САД?

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Претседателот на САД, Џо Бајден побара нова истрага дали КОВИД-19, вирус со кој се бори светот, е создаден во лабораторија во Вухан. Во петокот вечерта се појавија гласини во јавноста дека еден од главните кинески разузнавачи пребегнал во Соединетите Држави.

Донг Џингвеи (57), заменик министер за државна безбедност, летал со својата ќерка од Хонг Конг во САД во февруари. Сè уште нема официјална потврда за тоа, но д-р Хан Лианчао, поранешен кинески министер за надворешни работи, тврди дека веста за пребегнувањето е точна.

Д-р Хан е продемократски активист во САД и тврди дека има информации дека за Донг Џингвеи веќе разговарале кинески и американски официјални лица на состанокот во мај на Алјаска.

Првите информации за пребегнувањето ги објави билтенот „SpyTalk“, чии репортери разговараа со Николас Ефтимиадес, експерт за Кина, кој работел за ЦИА и Пентагон. Ефтимиадес тврди дека на д-р Хан „може да му се верува врз основа на неговиот интегритет“, иако тој самиот засега верува дека приказната за пребегнувањето е гласина.

„Гласините дека кинески официјални лица бегаат од земјата се случуваат постојано и не се точни“, рече тој.

Доколку Донг Џингвеи навистина пребегнал, тој би можел да им помогне на САД да го истражат „ослободувањето“ на вирусот од лабораторијата во Вухан. Тој ја презеде одговорноста за истекување на контраразузнавачки податоци пред три години, како главен шпион на Кина.

Кинеските власти сè уште молчат за сè, но во меѓувреме, профилот на Централната комисија за политички и правни работи на една социјална мрежа објави дека Џингвеи зборувал на семинарот за шпионажа во петокот. Според објавата, Џингвеи ги предупредил шпионите да „внимаваат на инсајдерите кои преговараат со антикинески сили, како и на луѓето кои финансираат активности од зад сцената“.

Американските власти досега имаат две сценарија: или вирусот се проширил од животни на луѓе, или тоа е лабораториска „несреќа“ на Институтот за вирусологија во Вухан.

– Ако понудите пет милиони долари и државјанство, ќе има многу луѓе кои ќе сакаат да пребегнат. Веќе година и пол буквално бараме игла во сено. Треба да ги слушнеме Кинезите кои беа директни сведоци. Имаме многу причини да се сомневаме дека имало „протекување“ од лабораторијата. Кон тоа мора да дејствуваме како кон потенцијална сцена на злосторство. Кинескиот пристап кон проблемот досега се сведува на систематско прикривање и негирање. Да започнеше сето ова во лабораторија во Оксфорд, ќе се обложам дека владата на Велика Британија ќе реагираше веднаш. А, во Кина луѓето се погубуваат затоа што згрешиле. Затоа, можно е луѓето во Вухан да прикриваат сè од нивната влада – изјави поранешен висок претставник на американската влада, кој работеше на истрагата за Вухан под раководство на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Ши Женгли, вирусолог од лабораторија во Вухан, оваа недела за Њујорк Тајмс ја негираше тезата дека вирусот „протекол“ од нивната лабораторија.