232
Еден играч ќе има дополнителна причина да слави вечерва покрај тоа што ќе ја прослави победата на неговиот тим во 3. коло од групата А на Европскиот шампионат.
Имено, во триумфот на Швајцарија од 3:1 над Турција, Џердан Шаќири постигна два прекрасни гола.
Првиот, за водство на Швајцарија 2:0 (пред него, Сеферовиќ погоди за 1: 0) исто така значеше дека Швајцарецот стана само четвртиот играч кој постигнал гол на СП 2014, ЕУРО 2016, СП 2018 и сега на ЕУРО 2020
Пред него тоа го успеаја само тројца играчи, и тоа Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Иван Перишиќ.