Владата на Катар вечерва објави дека задолжителен услов за доаѓањето на навивачите на Светското првенство во 2022 година ќе биде вакцинирање против коронавирус. Катар е во преговори за купување на милион дози вакцини, кои ќе бидат обезбедени за навивачите на следното Светско првенство.
Од почетокот на пандемијата на коронавирус, Катар евидентира 220.800 случаи на инфекција, додека 585 пациенти починале од вирусот.
„Нашата примарна цел во вакцинацијата е да го заштитиме јавното здравје на граѓаните и жителите на нашата земја“, рече катарската влада, пренесе Бета.
Организаторите на натпреварот се соочуваат со критики поврзани со кршење на правата на работниците, кои работат на изградба на инфраструктурни објекти за Светското првенство.
Шампионатот треба да започне на 21 ноември 2022 година.