Македонската православна црква (МПЦ) и нејзините верници денес го слават Духовденскиот понеделник или Педесетница.
Патем, Педесетница го претставува и роденденот на христијанската црква.
Духовите се слават цела недела, тие не постат и тоа е таканаречената несмасна недела.
Така, денес е Духовденски понеделник, а утре е Духовденски вторник.
И кај овој празник во Македонија има разни народни верувања.
Имено, се верува дека оние девојки кои се мијат со вода, во кои имало цвеќиња од кои се вткаени венци, ќе имаат чисто и бело лице во текот на целата година.
Додека мажите што девојките ќе ги подарат со венец, според народното верување во источна Србија, годината ќе ја завршат како младоженец.
Во понеделник на Педесетница, не треба да се работи тешка работа во домот, како и да се работи нешто со игла.
Ваквото однесување се смета за непочитување на апостолите и светците.
Денешниот празник се слави во многу европски и други земји како неработен ден: во Австрија, Барбадос, Белгија, Грција, Гибралтар, Данска, Исланд, Кипар, Луксембург, Унгарија, Германија, Норвешка, Романија, Франција, Холандија и Швајцарија .