„Јас би го сторил тоа што го рече Зоран Заев во центарот на Софија, а тој рече дека се договоривме за три историски периоди и за пет личности. Според македонскиот премиер, Југославија е земјата што не подели. Ова може да се земе како основа“, изјавил утринава за бТВ, бугарскиот новинар Љубчо Нешков.
Според него, ниту на скопјани, ниту тука не им требаат братски прегратки.
„Ние сакаме слобода и слободна комуникација, а тоа не се случува. Софија и Скопје според инфраструктурата не изгледаат како азиски, туку како африкански метрополи. Ништо не се прави“, коментира Нешков.
Тој посочи дека Бугарија е земјата што најмногу сака С. Македонија да влезе во ЕУ. Според него, нивната земја има направено стратешки грешки по ова прашање.
Во врска со посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Софија, Нешков рече: „Говорот на омраза во С. Македонија е институционален. Водечките политичари во земјата започнуваат со следниве зборови: „Ние не го даваме нашиот јазик, нашиот идентитет и нашата нација. Господе! Никој не сака да ви го одземе идентитетот и она што сакате да бидете“, вели тој.