Во регионот, најголем број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 на 100 илјади жители се регистрирани во Босна и Херцеговина (БиХ), по што следи С. Македонија и Црна Гора.
Во БиХ има 267 смртни случаи на 100.000 жители, 263 во Северна Македонија, 255 во Црна Гора, 212 во Словенија, 200 во Хрватска, 125 во Косово, 100 во Србија и 85 во Албанија, пишува МИНА.
Во неделата во регионот беа регистрирани 191 нов случај на коронавирус.
Во регионот, највисока четиринаесетдневна инциденца на нови случаи на инфекција со коронавирус на 100 илјади жители е регистрирана во Словенија, по што следуваат Хрватска и Црна Гора, а Србија е на трето место.
Во Словенија се регистрирани 77 заразени лица на 100 илјади жители во последните 14 дена, во Црна Гора 42, во Хрватска 40, во Србија 30, во БиХ 14, во Северна Македонија десет, на Косово осум и во Албанија четири.
Четиринаесетдневната инциденца претставува број на нови случаи на инфекција регистрирани во текот на претходните 14 дена на 100 илјади жители.
Агенцијата МИНА ги обработува официјалните податоци на земјите од регионот, кои ги презема од официјалните специјализирани страници објавени од земјите за време на епидемијата.
Покрај овие извори, податоците се споредуваат со податоците на СЗО, ЕЦДЦ и други релевантни здравствени институции.