Паровите минуваат низ различни фази додека се заедно, и доколку ова им е заедничко, тие сигурно ќе опстојат долго време.

Добри и успешни врски и бракови не се случуваат сами по себе. Треба да работите и да работите на нив, а стекнувањето некои навики помага љубовната врска да потрае.

Дакер Келтнер, професор по психологија на УК Беркли и автор на книгата Born to Be Good: The Science of a Meaningful Life, се осврна на прашањето која навика најмногу одредува дека врската или бракот ќе траат.

Многумина би помислиле дека тоа е комуникација или меѓусебно почитување или негување на заеднички вредности, но во своето истражување, Келтнер дошол до поинаков заклучок – заедничката смеа е еден од најголемите показатели дека љубовната врска ќе потрае.

За паровите кои се развеле во просек 13,9 години откако се венчале, недостатокот на смеа довел до крај на нивниот брак.

Во раниот период на брак, гневот и непочитувањето се крајно токсични. Во подоцнежните фази на бракот, отсуството на смеа е главниот показател дека бракот може да се распадне, заклучи Дакер Келтнер.

Беше усвоено мислењето дека кавгите се оние што ја одредуваат брачната врска. Сепак, здравата расправија може дури и да биде корисна за врската. Од друга страна, кога двојката ќе престане да се смее заедно, шансите се многу поголеми да раскинат.

Слични содржини