Киријас: Стратешка грешка е што постојано ја бараме надежта на други места

од Берта Китинска
285 прегледи

Политичкиот аналитичар Емил Киријас во „Топ Тема“ во однос на решавањето на спорот со Бугарија смета дека стратешка грешка е што постојано нашата земја ја бара надежта во Софија или во Атина.

-Надежта ја бараме на други места наместо тоа да биде во Собранието кај нашите политичари кои испорачуваат политики кои Македонија би ја направиле земја подготвена за членство во ЕУ.Тоа е како Исланд која утре да аплицира ќе протрча низ преговорите затоа што е реформирана , поставена на здрави нозе, а друго е кога имате држава која постојано се занимава со надворешна политика, наместо да се знимава со внатрешната политика кој ќе биде извор за стабилност, вели Киријас.

Слични содржини