Иако не е во неговиот „опис на работата“, тригодишниот Дигби пожарникарите го донеле на мост кај Ексетер, Велика Британија, каде се обиделе да спречат жена да изврши самоубиство.
Полициските преговарачи наводно се обиделе да ја смират жената, но не напредувале. Еден од пожарникарите предложил да го донесат Дигби, чија улога е да ги смири трауматизираните луѓе.
Жената на мостот се насмевнала веднаш штом го видела Дигби, ја свртела главата, по што пожарникарите започнале да и зборуваат за Дигби и неговата работа. Жената наскоро прашала дали може да и пријде на Дигби ако се симне од мостот, што службите за итни случаи со задоволство го прифатија.
Оваа сторија ја сподели на Твитер сервисот каде работи Дигби, кој доби илјадници коментари за пофалба.
Дигби обично им помага на пожарникарите за време на сесиите за терапија, пишува Си-Ен-Ен.