Среде бел ден во Србија: Ладнокрвно се приближи, а потоа пукаше (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
273 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од пукање во Чачак, Србија, во кое е ранет М.Ш. (27), а напаѓачот побегнал во непознат правец.

Пукањето се случило во кафулето „Лапијаф“ во Чачак, а според информациите на порталот Нова.рс, тој се здобил со три прострелни рани.

На видеото се гледаат и двајца мажи кои седат во градината и реагираат едвај кога младиот човек ќе почне да бега.

Повредениот се здобил со неколку прострелни рани на двете нозе и бил згрижен во Општата болница во Чачак.

Погледнете го видеото: