СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Повеќе од половина од посиромашните земји кои добиваат вакцини против коронавирус преку програмата за размена COVAX немаат доволно залихи за да продолжат со вакцинацијата, изјави советникот на Светската здравствена организација (СЗО) Брус Ајлвард, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Би рекол дека од 80 посиромашни земји, барем повеќе од половина немаат доволно вакцини за да ги одржат своите програми за вакцинација“, рече Ајлвард на брифингот.

Некои од нив веќе немаат вакцини, додаде тој.

Во исто време, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека разговара со голем број компании и институции за создавање центар за трансфер на технологија за вакцини за коронавируси во Јужна Африка.

Слични содржини