297
Вакцината против коронавирус „Абдала“, една од неколкуте кои ги развива Куба, покажа ефикасност од 92,28 отсто, соопшти лабораторијата која го тестираше производот.
Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, кој ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност се постигнува по три дози.
„Абдала“ е во последна фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрение од кубанските власти што се очекува најдоцна до почетокот на јули.