Влада: Ниту во Владата, ниту со премиерот е разговарано за промена на знаме, грб или химна

од Берта Китинска
148 прегледи

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, брифираат од Влада за „Локално“.

Ова доаѓа откако коалицискиот партнер во власта, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги стави на маса темите за знамето и грбот на земјава.

„ Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој,  економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат, велат од Влада.