Срушен голем РЕКОРД на Европското првенство

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Вчера заврши групната фаза на Европското првенство и на последните натпревари од тој дел од натпреварувањето беше срушен голем рекорд.

На четири натпревари беа постигнати 18 погодоци, најмногу за еден ден откако се игра Европското првенство. На првите натпревари Шпанија ја победи Словачка со 5-0, а Шведска ја победи Полска со 3-2. Вечерните натпревари помеѓу Франција и Португалија и Германија и Унгарија завршија со резултат 2: 2.

На Светското првенство, рекорден број на голови за еден ден падна во 1954 година кога беа постигнати 25 гола на четири натпревари. Тогаш Западна Германија беше со 4: 1 подобра од Турција, Унгарија ја победи Јужна Кореја со 9:0, Швајцарија ја победи Италија со 2:1, а Англија и Белгија одиграа 4: 4.

Слични содржини