Уапсени четири лица од Стајковци, нападнале вработен на бензинска

од Берта Китинска
247 прегледи

Полицијата ги откри и уапси четирите лица кои во неделата нападнале вработен на бензинска пумпа во скопската населба Ченто.

Полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, вчераги лишиле од слобода А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од с.Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини