Димитров: Блокадата на С.Македонија е блокада на политиките на ЕУ кон регионот

од Берта Китинска
129 прегледи

На првиот Скопски економски форум вицепремиерот за европски прашањаНикола Димитров повторно нагласи дека е крајно време за придвижување на процесот на проширување бидејќи Западен Балкан ѝ припаѓа на ЕУ како идеја за обединета Европа.

-Блокадата на европската иднина на Северна Македонија е исто така блокада на политиките на Европската Унија кон регионот. Или ќе имаме неуспех за сите страни, вклучително и за соседите во Бугарија, или имаме победа за сите страни.Направивме сѐ што можеме, имаме отворен и искрен пристап и веруваме дека е можно европско решение кое е во согласност со европските вредности. Воедно, остануваме посветени на агендата за европски стандарди дома бидејќи тоа е суштината на пристапниот процес, но потребен ни е како алатка, вели Димитров.

Слични содржини