Пандев до Мрме: Шефе, благодарам е малку да ти кажам

од Берта Китинска
320 прегледи

Горан Пандев денеска преку објава на Инстаграм му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за се што направи за репрезентацијата.

„20.10.2015 првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот… ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Макаедонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Слични содржини