Пандев: ФФМ стана приватна федерација, не можеш да очекуваш нешто од луѓе кои не постигнале ништо

од Nikola Popovski

Не можеш да очекуваш нешто од луѓе што не постигнале ништо во својот живот. Знаев дека можат да направат такво нешто, но имаше луѓе вработени таму кои со порака ми пишаа порака и ме поздравија. Го оставив срцето на терен за светиот дрес. Сонот ни се оствари со пласманот на Европското првенство, јас сум среќен, но во ФФМ има четири-пет луѓе кои не сакаат да го покажат тоа, вели долгогодишниот капитен на сениорската македонска фудбалска репрезентација Горан Пандев за моменталната ситуација во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Според него, има неколку луѓе во Македонија кои не сакаат да ја вреднуваат неговата богата кариера.

-Тоа не е фудбалска федерација, тоа стана приватна федерација. Доколку нешто набрзо не се промени, ќе назадуваме како пред 10-15 години, рече Пандев во емисијата „Студио 10“.

Тој потенцира дека не сака да не меша во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика.

-Кај нас не се седнува да се дебатира за македонскиот фудбал и репрезентација. – Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, заклучува Пандев.

Слични содржини