Револуција – официјално укинато правилото за гол на гостински терен

од Vladimir Zorba
203 прегледи

УЕФА официјално го укина правилото за гол на гостински терен за сезоната 2021/22.

За ова се зборуваше долго време, беше најавувано и сега е официјализирано.

Правилото за гол на гости заминува во историјата по 56 години.

Правилото е воведено во 1965 година во Купот на победниците на куповите, со цел да се избегне трет натпревар, во случај да биде нерешено и во двата.

Ова барање на многу клубови и фудбалски експерти сега е укинато.

Слични содржини