226
Американската амбасада во Русија објави дека амбасадорот Џон Саливан се вратил во Москва по двомесечното отсуство.
„Денес се вратив во Москва“, напиша Саливан на Твитер, додавајќи дека е подготвен да работи со руските колеги за да се постигнат „стабилни и предвидливи билатерални односи“.
Неговото враќање во Москва доаѓа неколку дена откако рускиот амбасадор Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон.
Враќањето на амбасадорот е дел од договорот меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, на самитот што се одржа на 16 јуни во Женева.