Радев: Само дијалогот со Софија го забрзува патот на Скопје кон ЕУ

од Nikola Popovski
213 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека брзиот напредок на С. Македонија кон Европската унија зависи само од дијалогот со Бугарија.

„Секој досега требаше да разбере дека забрзувањето на европската перспектива на најблискиот сосед на Бугарија зависи само од посветеноста и резултатите од дијалогот со Софија“, рече Радев пред почетокот на дводневниот самит на ЕУ.

Тој изјави дека Бугарија останува отворена за брзи и продуктивни билатерални преговори во интерес на двете земји, пренесува „БТА“.

„Во последните месец и половина, Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери да дад зелено светло за почеток на преговорите со С. Македонија на денешниот Европски совет“, рече Радев.

Според него, Бугарија докажа дека и покрај притисокот, таа е одговорна членка на ЕУ и нема да толерира нови проблеми да бидат внесени во Унијата.

„Не можеме да кажеме „да“ сè додека не бидеме убедени дека РС Македонија нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, заклучи Радев.

Слични содржини