ЕП изгласа резолуција во врска со абортусот која подигна бурни реакции во јавноста

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се повикуваат членките на ЕУ да обезбедат право на легален и безбеден абортус, со цел да се подобри сексуалното и репродуктивно здравје на жените.

Необврзувачката резолуција, усвоена со 378 гласа „за“ и 255 „против“, забележува дека пандемијата на ковид-19 го ограничи пристапот до многу услуги клучни за репродуктивното здравје и правата на жените.

Европратениците ги повикаа членките на ЕУ да ги интензивираат редовните прегледи за здравствен скрининг, да го подобрат пристапот до контрацепција и третман на неплодност, пренесува „Ројтерс“.

Гласањето уследи по бурната дебата во која пратениците гласаа за повеќе од 50 амандмани на резолуцијата.

Застапниците на резолуцијата наведуваат дека е неопходно унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и женските права за да се обезбеди еднаквост и демократски човекови права, додека противниците тврдат дека можноста за абортус нема да го подобри здравјето на жените и дека правото на живот е основно.

Слични содржини