„Спутник V можеби и нема да добие одобрение од Европската агенција за лекови“

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска ја доведе во прашање ефективноста на кинеската вакцина „Синовак“ и запраша дали рускиот „Спутник V“ некогаш ќе добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Кинеската вакцина … се покажа како несоодветна. Тоа можете да го видите во искуството на Кина во борбата против епидемијата“, рече Драги на крајот на самитот на ЕУ, пренесува „Танјуг“.

Според студија од април, кинеската вакцина со две дози достигнува ефикасност од 67 проценти во спречување на инфекција, 85 проценти во спречување на болничко лекување и 80 проценти во спречување на смрт.

Се очекуваше ЕМА да ја заклучи проценката на руската вакцина и да донесе одлука во мај или јуни, но издавањето на дозволата беше одложено бидејќи производителот не ја доставил документацијата до 10 јуни, изјави извор за „Ројтерс“.

„Руската вакцина Спутник V никогаш не добила одобрение од ЕМА, а можеби и никогаш нема да добие“, рече Драги.

Слични содржини