„Ја сакам Чемерија“- среде Скопје, а непростлив „грев” е кога се вее знамето со сонцето од Кутлеш, се шепоти придавката македонски и Зоран Заев се плаши и извинува за зборовите „македонска репрезентација“, пишува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ваквите провокации се предизборен маркетинг и секогаш кога нема да испорачаат резултати бегството е на национално запаливите теми. Зошто? За да продолжат да крадат, да не се говори за блокадите на патот кон ЕУ, да не се говори за сиромаштијата и бранот на поскапување.
Додека оваа земја ја водат неспособни луѓе, срамот ќе го носиме сите ние. Овие луѓе се способни само за криминал и лаги. Треба да се стави крај на ова!
За неколку месеци од денес Вие одлучувате дали сакате да живеете во ова секојдневие на криминал, корупција, срам, понижување и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе“, додава тој.