Заев за зелената такса: „ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира? Што така?“

од Берта Китинска
164 прегледи

Премиерот Зоран Заев кажа дека ако сакаме повеќе зелени површини, законот не треба да се блокира.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира? Што така?“, праша Заев и потоа продолжи:„Јас верувам дека овој закон ќе биде поддржан од сите. Ако сакаме повеќе здравје, повеќе зелени површини треба да е изгласа. Секој може нешто да блокира, но треба да поддржиме сето она што е добро за граѓаните“, рече Заев.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска најави дека ќе го блокира законот за еколошка такса.Смета дека има цел да ги санира лошите политики на Владата а средствата да ги искористи за предизборен поткуп.

Опозициската партија предупредува дека зголемувањето на цените на горивата ќе ги оштети и граѓаните и стопанските субјекти и ќе влијае на животниот стандард.

Партијата предводена од деструктивниот Мицкоски знае само за блокади и деструкции, реагираше СДСМ.Ја смета ВМРО ДПМНЕ за најголем штетник по здравјето на граѓаните бидејќи блокирала антикризни мерки среде корона, нов клинички центар, а сега и мерки за еколошки инвестиции.