303
Бидејќи Норвешка не се пласираше на Еврото, нејзиниот најдобар играч Ерлинг Халанд е на одмор, кој го минува во Грција.
Локалниот спортски весник „Sporttime“ објави вест дека норвешкиот напаѓач потрошил дури 500 илјади евра во ресторан и дека оставил 30 илјади како бакшиш на вработените.
Секако, многумина беа привлечени од оваа информација, па напаѓачот на Борусија мораше да се огласи.
„Мислам дека ги заборавија главните јадења“, напиша Халанд на шега, велејќи дека тоа се лажни вести.
…I think they forgot the main courses🤡🤦🏼♂️ Fake news https://t.co/sCYhKHCCzQ
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) June 26, 2021