Правилата за влез во Грција продолжени за уште една седмица

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени за уште една седмица, согласно новата министерска одлука Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19, што е веќе објавена во Службен весник, стапи во сила утрово, а меѓу другото важи и за државјаните на Северна Македонија.

Па така, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.