САД: Оставил бакшиш од 16.000 долари за два хот-дога

од Vladimir Zorba
468 прегледи

Клиент на ресторан за брза храна во американската сојузна држава Њу Хемпшир остави дарежлив бакшиш од 16.000 долари за два хот-дога со помфрит, објавија локалните медиуми во САД.

Келнерот на еден скромен ресторан во градот Лондондери не забележал дека купувачот, покрај 37,93 долари, колку го чинеле двата сендвича со чили сос, помфрит и пијалок, дал уште 16.000 долари.

„Не ги трошете одеднаш“, рекол клиентот кој ја платил сметката со картичката.

На благајната со изненадување му рекле на клиентот: „Боже, дали сте сериозен?“

Во Соединетите држави вообичаено е бакшишот да биде 15 до 20 проценти од целиот износ на сметката, објавија локалните медиуми во саботата.

„Сакам да имате корист од тоа, работите напорно“, рекол неименуваниот клиент додека го напуштат ресторанот, кој бил затворен неколку месеци поради епидемијата на коронавирусот.