Џанг Ѕуо: Следењето на потеклото на епидемијата не треба да се политизира

од Vladimir Zorba

Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо, по денешното пристигнување на 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак”, порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак” е одобрена од Светската здравствена организација.

Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години.

– Придржувајќи се кон концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото, Кина ја покажа својата одговорност како голема земја, ја промовираше меѓународната соработка во борбата против епидемијата и правичната дистрибуција на вакцините. Кина вложува големи напори да го премости „имунолошкиот јаз” за да помогне во заздравувањето на светската економија. Во моментов, епидемијата сè уште се шири низ целиот свет, а вирусот сè уште мутира. Следењето на потеклото на епидемијата не треба да се политизира. Сите страни треба да извршат истражување за пронаоѓање на потекло со научен став од глобално ниво, за да можеме ефикасно да спречиме друга пандемија, рече Ѕуо.

Инаку денешната пратка вакцини е најголемата која пристигна во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.

Слични содржини