345
Во моментов кај нас има зелена стабилна ситуација, која може лесно да се помести и да се наруши, ако не бидеме будни, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за емисијата „25 минути“.
„Масовна вакцинацијата е единствен спас од новата индиска мутација на коронавирус, познат како делта, кој многу брзо може да дојде и да се рашири и кај нас. Младите се најголем ризик фактор од пренесување и тие треба да се вакцинираат бидејќи преку дружење може да го шират вирусот кој е многу позаразен и тешко се распознава зашто личи на потешка настинка. Учебната година мора да започне навреме, со сите протоколи за децата настава со физичко присуство за да се искористи топлото време бидејќи не знаеме што не чека од октомври“, смета Даниловски.