Шекеринска: Владата не треба да се меша во истрагата на сајбер нападите на државните институции

од Берта Китинска
343 прегледи

Сите како граѓани сме загрижени кога е на удар дел од критичната инфраструктура, а изборите се дел од таа критична инфраструктура и осбено сме загрижени кога сајбер нападот ќе даде резултат, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во емисијата „Редакција“ на ИРЛ.

Таа смета дека владата иако во тоа време имаше техничко раководство не требала да се вмеша во истрагата за сајбер напдите на сајтовите на ДИК  и на другите државни институции.

-Ние дента на изборите имавме голема недоверба и големи шпекулации предизвикани од напади. И ова е нешто на што се навикнуваат многу држави вклучително и  оние кои се поразвиени и поискусни во овој дел.Ова е нешто кое мора да се учи од грешките и  за кое Македонија мора да стекне повеќе знаење и искуство и институции преку кои ќе продолжи борбата.Тогаш имавме техничка влада и сметавме дека не треба да се мешаме како и сега што сметам дека владата не треба да се меша во истрага, ова е една нова територија и за обвинителството можеби и за судството и ќе биде важно овие први лекции да не ги преспиеме како држава.Сите како учесници во политичката дебата сме свени за значењето на секоја рекација од владата би се сфатила како мешање во истргата.Заради лошите искуства да кажам дека сите газиме по јајца за тоа да не се доживее дека извршната власт влегува во области кои не се нејзини, вели  Шекеринска.

Таа додаде дека оваа ситуација можела да предизвика политилки проблем.

-Среќа во несреќа беше што релативно брзо системот се врати во нормала и ни ја покажа слабоста во него , но во принцип можевме да се потпреме дека резултатите од изборите се тие.Целата на нападите се да создадат недоверба во системот, кажа Шекеринска.

Слични содржини