202
ГЕРМАНСКАТА полиција започна потрага по напаѓачот кој утрово избоде двајца случајни минувачи во градот Ерфурт.
Двете жртви на овој напад, на возраст од 45 и 68 години, се наоѓаат во болница. Во потрагата биле ангажирани и единици на хеликоптери.
Полицијата го опишува напаѓачот како момче (20) со светла коса, со повеќе лузни на лицето. Светските агенции пишуваат дека напаѓачот зборувал германски.
Земјата истражува и смртоносен напад со нож минатиот петок во Вирцбург, при што три лица го загубија животот. Полицијата, која се сомнева дека мотивот за нападот е исламски екстремизам, стравува дека денешниот инцидент ја има истата позадина.