Според новата студија објавена во понеделникот во списанието „Nature“, постои можност вакцините Модерна и Фајзер против Ковид-19 да обезбедат доживотна заштита од коронавирус, пишува „Њујорк тајмс“.
Луѓето кои ги примиле двете дози на една од овие вакцини развиле силен и постојан имунитет кон коронавирусот, а неутрализирачките антитела произведени од вакцините се покажаа ефикасни во борбата против две варијанти на коронавирусот САРС-Ков-2.
Така, постои можност луѓето вакцинирани со Модерна и Фајзер да не мора да се вакцинираат, дури и во случај на мутација на вирус. Со вакцинирање, тие создале долготраен имунитет, веројатно за цел живот.
– Трајниот имунитет создаден од овие вакцини е добар знак – рече др. Али Елебеди, имунолог на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис и главниот автор на студијата.
Во студија за ефикасноста на вакцините Модерна и Фајзер против ковид-19 учествувале 41 лице, од кои осум претходно биле заразени со коронавирус.
Како дел од истражувањето, научниците проучувале лимфни јазли, жлезди кои произведуваат мемориски Б лимфоцити, клетки на имунолошкиот систем кои се сеќаваат на заканите со кои се соочува човекот. Благодарение на овие клетки, имунолошкиот систем може побрзо да дистрибуира антитела за повторно да се бори против истата закана. Ако ви снема антитела, мемориските Б лимфоцити ги произведуваат и тие можат да циркулираат во крвотокот со години.
Откако некој ќе се вакцинира против короната или ќе ја преболи, се создава герминативен центар во лимфните јазли каде што се формираат Б-лимфоцити, диференцирајќи ги и менувајќи ги гените на антителата при нормална реакција на организмот на инфекцијата.
Иако во студијата учествувале луѓе кои примиле вакцина Фајзер, др. Елебеди истакна дека резултатите од студијата може да се применат и на вакцините на Модерна, бидејќи двете вакцини се направени со иста mRNA технологија.