На денешната владина седница, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, е именувана за национален координатор за регионална соработка и европски интеграции.
Според информации на „360 степени“ утврден е и коефициент од 3,3 за платата што ќе ја добива Исмајлоска, што значи дека нејзините месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година.
Ставрова кон крајот на 2018 година беше исклучена од нејзината матична партија, заедно со уште шест нејзини сопартијци кои гласаа за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор.